Mehmet Alaca
26 Април 2023•Ажурирај: 29 Април 2023
ОСЛО (АА) - Истражувачката ракета што рано во понеделникот беше лансирана од Шведската вселенска корпорација (SSC) од вселенскиот центар „Есренџ“ во северна Шведска претрпе дефект и падна во соседна Норвешка, пренесува Анадолу.
Според вестите на „Скај њуз“, ракетата, која вчера беше лансирана во 7 часот и 20 минути по локално време од вселенскиот центар „Есренџ“ кај Кирун на северот на Шведска, ја промашила целта.
Истражувачката ракета се сврте од својата рута откако достигна височина од 250 километри и се урна во планинска област во Норвешка.
ССЦ објави дека ракетата се движела малку позападно од пресметаното.
Претставник на ССЦ изјави дека областа каде што паднала ракетата е на „10 километри од најблиската населба“.
Претставници на норвешкото Министерство за надворешни работи изјавија дека инцидентот е сфатен „многу сериозно“.