Atila Altuntaş
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Едно лице од шведскиот град Норшепинг е осудено на парична казна од 7.500 шведски круни (околу 750 евра) бидејќи преку својот профил на социјалните мрежи ги навредувал муслиманите, јавува Anadolu Agency (AA).
Шведската државна телевизија СВТ објави дека едно лицето од градот Норшепинг, е парично казнето поради пораката што ја објавил на социјалните мрежи, во која се вели: „Сите муслимани да се вратат од каде што дојдоа, тие се паразити кои живеат на сметка на другите".
Против лицето кое го напишало ова, покрената е постапка за кривично дело „омраза", а судот во Норшепинг го прогласи за виновен и го осуди на 90 дена затвор, но казната е преиманувана со парична казна во висина од 750 евра.
Мајкл Форсберг, обвинителот во овој случај, за државната телевизија СВТ изјави дека во Шведска значително се зголемени случаите на изразување омраза преку социјалните мрежи.
Тој додаде дека е сѐ поголем бројот на лажни профили на социјалните преку кои се шири омраза, а полициските службеници трошат многу време за откривање на лицата кои стојат зад овие профили.