Шестмина загинати во пад на мал авион во морето кај Хондурас
Гувернерот на Роатан, Уго Варела, за новинарите изјави дека авионот полетал од аеродромот „Хуан Мануел Гавез“ кон градот Трухиљо, но набргу потоа се урнал во морето кај брегот на островот Роатан

РОАТАН (АА) - Шест лица ги загубија животите откако мал авион со 17 патници се урна во морето во централноамериканската држава Хондурас, според првичните извештаи, јавува Анадолу.
Гувернерот на Роатан, Уго Варела, за новинарите изјави дека авионот полетал од аеродромот „Хуан Мануел Гавез“ кон градот Трухиљо, но набргу потоа се урнал во морето кај брегот на островот Роатан.
Варела потврди дека при операциите за пребарување и спасување досега се пронајдени телата на шестмина загинати, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата.
Според локалните медиуми, авионот се запалил откако паднал во морето.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.