Хамас повика на глобални протести поради продолжувањето на израелскиот геноцид во Газа
„Нетанјаху не запре само на спречување на доставувањето на храна и лекови туку ги бомбардираше и уби децата на Газа додека спиеја“

АНКАРА (АА) – Палестинското движење на отпорот Хамас денес повика на глобални протести и собири поради продолжувањето на израелскиот геноцид во Газа, јавува Анадолу.
Локалните власти во Газа претходно соопштија дека над 326 Палестинци се убиени или се водат како исчезнати откако Израел ги обнови нападите врз енклавата, прекршувајќи го примирјето што стапи на сила на 19 јануари.
Иззат Ал-Ришк, висок функционер на Хамас, ги повика арапските и исламските нации, како и сите љубители на слободата низ светот, „да излезат на улиците и плоштадите, кревајќи го гласот против продолжувањето на ционистичката геноцидна војна врз народот на Газа“.
„Нетанјаху не запре само на спречување на доставувањето на храна и лекови туку ги бомбардираше и уби децата на Газа додека спиеја“, изјави Ал-Ришк.
Тој додаде дека одлуката на Нетанјаху за продолжување на војната против Газа „е одлука за жртвување на заробениците на окупацијата и смртна пресуда за нив“.
Ал-Ришк ги повика посредниците и светските лидери да ја разоткријат вистината за израелските акции и да го повикаат Нетанјаху на одговорност за повторното разгорување на конфликтот.
„Воениот притисок и бруталната ционистичка агресија нема да успеат да ги скршат волјата на нашиот народ и нашиот отпор“, рече функционерот на Хамас.
Израелската армија денес соопшти дека извела воздушни напади врз Појасот Газа, кои се најголеми од стапувањето на сила на примирјето со Хамас на 19 јануари.
Армијата тврди дека напаѓа цели на Хамас, но сликите од Газа покажуваат дека мнозинството жртви се цивили, меѓу кои и деца и жени, чии домови биле бомбардирани во текот на ноќта.
И покрај прекинот на огнот, локалните власти во Газа известуваа за речиси секојдневни прекршувања на договорот од страна на израелската армија.
Во израелските напади, кои започнаа од октомври 2023 година, убиени се над 48.500 Палестинци, повеќето жени и деца, а Газа ја оставија во урнатини.
Во ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.