Aşkın Kıyağan
29 Септември 2024•Ажурирај: 30 Септември 2024
ВИЕНА (АА) - Граѓаните на Австрија денес гласаат за избор на нова влада на земјата, јавува Анадолу.
Гласачките места се отворени до 17:00 часот по локално време, а право на глас имаат 6,4 милиони гласачи од вкупно деветте милиони жители кои треба да изберат 183 нови членови на Парламентот.
Во изборната трка учествуваат девет партии и три политички формации, со изборен праг од 4 отсто.
Анкетите покажуваат дека крајно десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО) води со 27 отсто, по која доаѓа централнодесничарската Австриска народна партија (ОВП) со 25 отсто и Социјалдемократската партија (СПО) со 21 отсто.
Партијата на зелените и либералната НЕОС се очекува да обезбедат по 9 отсто од гласовите.
Доколку победи Слободарската партија на Австрија (ФПО) тоа ќе биде првпат крајно десничарска партија да победи на национални избори во Австрија по Втората светска војна.