Şerife Çetin
03 Октомври 2023•Ажурирај: 04 Октомври 2023
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, го осуди терористичкиот напад што терористичката организацијата ПКК го изведе во Анкара, главниот град на Туркије, известува Анадолу.
Портпаролот на ОН, Стефан Дујариќ, со соопштение одговори на прашањето на новинарот на АА за ставот на Обединетите нации во врска со терористичкиот напад што терористичката организацијата ПКК го изведе во Анкара.
Дујариќ наведе дека ги виделе и вестите за воздушните операции на Туркије изведени во северниот дел на Ирак против терористичката организација ПКК, која ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара и дека генералниот секретар на ОН ги повикал Туркије и Ирак да дејствуваат воздржано во рамките на принципот на суверенитетот и територијалниот интегритет.
„Генералниот секретар на ОН го осуди самоубиствениот напад во Анкара“, наведе Дујариќ и додаде дека Гутереш ги промовира добрососедските односи низ конструктивен дијалог.