Dmitri Chirciu
02 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
МОСКВА (АА) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, истакна дека уништени се 6 артилериски ракетни системи ХИМАРС и повеќе од 200 ракети ХИМАРС од американско производство, што ѝ припаѓаат на украинската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шојгу на средбата со воените претставници се осврна на војната меѓу Русија и Украина.
Истакнувајќи дека западните земји испраќаат оружје во Украина, Шојгу рече: „Неконтролираната испорака на западно оружје во Украина сериозно ја загрозува безбедноста на регионот.“
Шојгу нагласи дека руската Армија продолжува да ги напаѓа воените елементи на Украинските вооружени сили,
„Како резултат на овие напади уништени се 33 хаубици ‘М-777‘ од американско производство, 5 противбродски ракетни системи ‘Харпун‘, 6 артилериски ракетни системи ХИМАРС и повеќе од 200 ракети ХИМАРС. Украинската Армија во последните 2 недели загуби 396 ‘НЛАВ‘ и ‘Џавелин‘ антитенковски системи и 125 ‘Стингер‘ преносливи системи за воздушна одбрана“, додаде тој.
- „Најголемата термоелектрана во Европа е под наша контрола“
Шојгу рече дека областа Луганск во Украина е под контрола на руските сили, и дека се заземени 6 населени места во областа Доњецк.
„Неодамна беа ослободени населбите Григоривка, Берестове, Стријапивка, Покровскоје, Семигорје, Новолуханск. Најголемата европска термоцентрала ‘Углегорскаја‘, со капацитет од 3.600 мегавати, е под наша контрола“, нагласи Шојгу.