Çağla Güngör
02 Август 2022•Ажурирај: 05 Август 2022
АНКАРА (АА) – Јапонија ги предупреди граѓаните дека температурите може да се искачат над 40 степени Целзиусови во некои делови на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), во текот на денот температурите ќе се искачат до 41 степен во градот Кумагаја, 39 степени во Нагоја и 37 степени во главниот град Токио.
Владата исто така ги предупреди граѓаните да пијат повеќе вода и што помалку да излегуваат надвор во услови на екстремни горештини.
Највисоката температура во Јапонија во 2018 година била 41 степен измерена во градот Кумагаја, во провинцијата Саитама.
Исто така температура од 41 степен била забележана во 2020 година во градот Хамамацу во провинцијата Шизуока.