Şenhan Bolelli
14 Март 2020•Ажурирај: 15 Март 2020
МАДРИД (AA) - Во последните 24 саати од последиците од коронавирусот во Шпанија забележан е 71 смртен случај, со што бројот на мртвите е зголемен на 191, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство, бројот на заразените од вчера се зголеми на 1.700 лица со што билансот е зголемен на 5.945 лица ширум Шпанија.
Се работи за најбрзо ширење на коронавирусот. Најмногу е погоден Мадрид каде во последните 24 саати се забележани 133 смртни случаи.
„Затворањето на влезовите и излезите во градот значително е поблиску отколку што очекувавме", рече градоначалникот на Мадрид Хосе Мартинез Алмеида.
Додека во Мадрид се затворени сите продавници освен аптеки и пазари, граѓаните се повикуваат да не излегуваат на улиците, освен ако тоа не е неопходно.
Светската здравствена организација (СЗО) поради ширењто на коронавирусот е прогласена глобална пандемија.