Ekip
21 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Владата на Шпанија се состана за да го активира досега никогаш неискористениот член од Уставот, кој ќе ја преземе контролата над регионот Каталонија, во обид да го запре бунтот на сепаратистичките политичари, јавува Anadolu Agency (AA).
Кабинетот на премиерот Маријано Рахој се состана за да се разјасни обемот и временскиот оквир на мерки што владата планира да ги преземе во согласност со член 155 од Уставот на Шпанија.
Членот и овозможува на централната влада да интервенира кога некој од 17 автономни региони во Шпанија не го почитуваат законот.
Рахој може да ја искористи моќта да ги острани каталонските функционери и да распише предвремени регионални избори во јануари следната година.
Опозициските партии се согласија да го поддржат премиерот во укинувањето на автономијата на Каталонија. За специјалните мерки е потребна поддршка од Државниот Сенат.
Каталонски претседател Карлес Пуџдемон се закани дека во регионалниот парламент ќе повика на гласање за прогласување експлицитна независност од Шпанија.