Şenhan Bolelli
10 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
МАДРИД
Како последица на бурата „Флиломена" која во изменатите два дена ја зафати Шпанија, во последните 24 часа смртно страдаа три лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Копнениот, воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај во земјата во значителна мерка е запрен, а на околу 600 блокирани сообраќајници под снежни наноси останаа бројни возила.
Во соопштението на жандармеријата и Цивилната заштита се наведува дека од синоќа се спасени повеќе од 1.500 заглавени на патиштата.
„Соочени сме со најинтензивна снежна бура во изминатите 50 години. И покрај исклучително тешките временски услови, имаме ограничени штети. Но, треба да жалиме за трите лица кои страдаа", рече министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде Марласка.
Во Мадрид, поради силната бура, која се смета за најсилна во неговата историја, блокирани се речиси сите сообраќајници, а затворен е и аеродром.
Снегот паѓа веќе непрекинато 30 часа, поради што паднаа бројни стебла, а штетата е причинета и на многумина автомобили. Војската помага во акциите на спасување.
Метеоролозите најавуваат дека снегот би можел да продолжи да паѓа до почетокот на седмицата.