Elena Trenchevska Chekovikj
26 Август 2025•Ажурирај: 28 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Шпанија се бори да ги локализира големите пожари кои изгореа повеќе од 407.000 хектари површини низ целата земја, јавува Анадолу.
Воената единица за итни случаи (UME) денес е распоредена во Леон за да помогне во борбата против пламените јазици.
Во Леон и Замора, 435 жители ја поминаа ноќта на отворено откако беа принудени да се евакуираат од своите села.
Галиција останува најпогодениот регион во Шпанија, со уништени над 90.000 хектари.
Според националната метеоролошка агенција „Аемет“ температурите за време на топлотниот бран од 3 до 18 август беа во просек 4,6 степени Целзиусови над сезонските норми, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во јули 2022 година.