Ekip
28 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
МАДРИД (АА) - Шпанската полиција уапси четири лица осомничени за врски со илегалната миграциска мрежа која наводно ја користила терористичката организација ДЕАШ да ги испраќа своите членови во Европа, вклучувајќи ги и оние кои се вклучени во минатогодишните напади во Париз, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Шпанија се наведува дека четворица од уапсените се поврзани со т.н. „рута на сириските бегалци" која ДЕАШ наводно ја користел кога преку грчкиот остров Лерос во октомври 2015 година во Европа ги испрати напаѓачите од Париз.
Полицијата верува дека четворицата имале контакт со двајца екстремисти уапсени во Салцбург кратко време по нападот од минатиот ноември.
Двајца осомничени се уапсени во северозападниот дел на Шпанија, а двајца се уапсени во Алмерија, на југоистокот од земјата.
Полицијата не го соопштува идентитетот на уапсените.