Şenhan Bolelli
27 Август 2024•Ажурирај: 29 Август 2024
МАДРИД (АА) - Бротче што превезувало нелегални мигранти кај брегот на градот Мелиља, шпанска територија во Северна Африка, било запрено откако чамец на шпанската жандармерија преминал преку него, известува Анадолу.
Според снимките објавени на социјалните мрежи, на 25 август, кај плажата Хоркас Колорадас во Мелиља, чамец на шпанската жандармерија, кој бил во потера по бротче со четворица нелегални мигранти што ги игнорирале предупредувањата, го запрел бротчето поминувајќи преку него.
Невладината организација „АМДХ Надор“ тврди дека е можно шпанската жандармерија да ја предизвикала смртта на еден од нелегалните мигранти додека поминувала над бротчето.
„АМДХ Надор“, која објави дека телото на мароканскиот нелегален мигрант утрово било однесено од мртовечницата во болницата „Хасани де Надор“ во Мелиља, побара истрага за интервенцијата на жандармеријата во морските води.
Во соопштението што го објавија шпанската жандармерија и автономната влада на Мелиља се наведува дека во инцидентот нема повредени, а нелегалните мигранти што паднале во водата веднаш биле извлечени во чамецот на жандармеријата.