Betül Yürük,Mustafa Keleş
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) – Кандидатот на Републиканската Партија, Доналд Трамп, кој ги доби претседателските избори во САД порача: „Ќе станеме најсилна економија на светот. Истовремено, ќе имаме добри односи со сите други народи“, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп, кој е избран за 45. претседател на САД, одржа победнички говор пред избирачите.
Говорот тој го започна изразувајќи благодарност до екипата што го поддржуваше за време на изборниот процес, како и до своето семејство.
Трамп пренесе дека Хилари Клинтон му ја честитала победата во телефонски разговор. Тој нагласи дека неговата конкурентка многу работи: „Нејзе ѝ должиме благодарност за услугите што ги направи за оваа држава“.
Понатаму тој упати порака за единство: „Време е да се лечат раните од поделбите во САД. Ние, републиканците, мораме да бидеме заедно со демократите. Давам збор дека ќе бидам претседател на сите Американци. Ја подавам мојата рака кон вас, кон вашето водство, за да ја обединиме повторно нашата држава“.
Тој рече дека, покрај кампањата, милиони работни луѓе од различни раси и религии, кои си ја сакаат државата, создале едно движење. „Повторно ќе ги изградиме нашата држава и нашите соништа“, истакна Трамп.
Во врска со економскиот раст, тој рече: „Ќе станеме најсилна економија на светот. Истовремено, ќе имаме добри односи со сите други народи“.
На крајот тој вети дека нема да го разочара американскиот народ и додаде оти изборниот процес е завршен, според него, работата штотуку почнува.
„Отсега САД нема да прифати ништо што е помалку од најдоброто“, заклучи Трамп.
По говорот на новоизбраниот претседател на САД, присутните му честитаа за победата, а тој се фотографираше со избирачите.