Mümin Altaş
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Република Турција, Абдулхамит Ѓул, по одлуката на судот во Њујорк во процесот против челникот на Халкбанк, Хакан Атила, изјави дека таа одлука е напад врз надлежноста на судските органи и суверенитетот на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овој процес го сметаме за напад врз надлежноста на судските органи и врз суверенитетот на Република Турција и како таков го сметаме за неприфатлив. Оние кои го прифаќаат процесот кој го подготви терористичката организација, не им даваат поддршка на правото и на правдата, туку на тероризмот. Јасно е дека нема да биде прифатена одлуката и процесот кои се своевиден напад врз турското правосудство и правниот поредок“, порача министерот Ѓул.
Заменик генералниот директор на турската Халкбанк, Мехмет Хакан Атила, беше уапсен на аеродромот во Њујорк на 27 март 2017 година. Уапсен е под обвинение за кршење на американските санкции против Иран и му е одреден притвор до следното судење на 10 април.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, претходно соопшти дека тоа е класичен политички процес инициран од страна на поранешниот американскиот обвинител Прет Барара, кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО. Во рамките на судскиот процес против Атила, како сведок е сослушан бегалецот на ФЕТО Хусеин Koркмаз.
Одбраната на Атила наведе дека се работи за лице кое по незаконски пат ја напуштило Турција, и истакна дека доказите кои ги поднел до судот се лажни.
Судијата Берман ги одби овие тврдења, и за сведоштвото на Koркмаз рече дека е во согласност со правилата. Американскиот суд го прогласи Хакан Атила за виновен за кршење на американските санкции кон Иран, за учество во кривично дело - измама на САД, измама на американски банки, а беше ослободен од обвинението за кривичното дело - перење пари.
Судијата Ричард Берман на 11 април ќе донесе одлука за казната на Aтила.