Adem Şalvarcıoğlu
08 Август 2018•Ажурирај: 09 Август 2018
АНКАРА (АА) - Како последица од екстремно високите температури, во Јапонија последните три месеци починаа 138 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Националната агенција за природни катастрофи се наведува дека од 30 април досега, во Јапонија животот го загубиле 138 лица поради високите температури на воздухот.
Хоспитализирани се 71.266 лица поради здравствени проблеми предизвикани од екстремно високите температури на воздухот во Јапонија.
Извештајот покажува дека станува збор за рекорден број лица чија здравствена состојба е нарушена поради високите температури на воздухот.