Riyaz Khaliq Khaliq
07 Август 2025•Ажурирај: 07 Август 2025
ИСТАНБУЛ (AA) – Јапонски борбен авион се урна во Пацификот денес за време на тренинг лет, соопшти воздушната одбрана на земјата, јавува Анадолу.
Според Јапонските воздушни самоодбранбени сили (АСДФ), инцидентот бил пријавен веднаш по пладне по локално време откако авионот полетал од воздухопловната база Хјакури во префектурата Ибараки.
„Досега не е пријавена штета на пловни објекти на местото на несреќата“, соопштија од воздухопловството, кое отвори истрага за случајот.
Ова е втор ваков инцидент оваа година. Во мај воен тренажен авион Т-4 се урна во централната префектура Аичи, при што загинаа два члена на екипажот.