Merve Aydoğan
15 Март 2018•Ажурирај: 15 Март 2018
БАКУ (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес во главниот азербејџански град, Баку, изјави дека реформата на ОН, која е немоќна да стави крај на глобалните конфликти, претставува нужност, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим рече дека е неизбежна потребата ОН да бидат посветени на решавање на проблемите, а не на ривалствата, и додаде:
„Советот за безбедност на ОН не е во можност да го даде потребниот одговор на ривалствата, додека човештвото умира и се употребува хемиско оружје. ОН не се во можност да го запрат ова насилство“.
Турскиот премиер го критикуваше Советот за безбедност и поради неговата неефикасна Резолуција за прекин на огнот во Сирија.
Јилдирим вчера пристигна во Баку, главниот град на Азербејџан, за да учествува на денешното отворање на шестиот Глобален форум. Турскиот премиер вчера одржа билатерални состаноци со азербејџанските официјални лица.
Овогодишниот форум, организиран од Меѓународниот центар „Незами Ганџави“ во Баку, се фокусира на темата „Намалување на разликите за создавање инклузивно општество“.