Riyaz Khaliq
29 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
АНКАРА
Јужна Кореја денес соопшти дека ќе биде дозволено да се развијат вселенски ракети со цврсто гориво под ревидирани ракетни упатства, овозможувајќи засилени можности за надзор над Корејскиот полуостров, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција Јонхап објави дека ваквиот развојот следи по укинувањето на повеќедецениските ограничувања на САД врз Сеул поради употреба на ракети исполнети со таканаречено цврсто гориво.
Ова ќе и овозможи на земјата да лета воени шпионски сателити во ниска орбита, на надморска височина од 500-2000 километри.
Заменик-советникот за национална безбедност на Јужна Кореја, Ким Хјун-Чонг, пред новинарите изјави дека јужнокорејските компании, истражувачки институти и поединци технички ќе бидат способни да развиваат, произведуваат и поседуваат вселенски ракети користејќи не само течни горива, туку и цврсти и хибридни „без ограничувања“.
Двете страни ги ревидираа упатствата за ракети потпишани најпрво во 1979 година, а подоцна беа изменети и во 2017 година за да се отстрани капацитетот на носивост од 500 килограми (1.100 фунти) за балистичките ракети на Јужна Кореја со опсег од 800 км (500 милји).
„Тоа ќе помогне во унапредувањето на можностите за разузнавање, надзор и откривање на јужнокорејската војска“, додаде тој.
Ефективно, новиот договор меѓу Вашингтон и Сеул ќе им помогне на двајцата сојузници да го следат „целиот Корејски Полуостров постојано“, рече Ким.