Јужна Кореја истрела балистичка ракета по ракетните лансирања на Пјонгјанг
„Преку оваа вежба со боева стрелба, нашата војска ја покажа својата силна решеност да одговори на секоја провокација од Северна Кореја, како и капацитетите и ставот за прецизни напади против непријателското потекло на провокацијата“
ИСТАНБУЛ (АА) - Јужна Кореја истрела балистичка ракета, соопшти војската денес, за возврат, откако пред два дена Северна Кореја истрела неколку балистички ракети со краток дострел, пренесува Анадолу.
Здружениот генералштаб на Јужна Кореја соопшти дека војската истрелала балистичка ракета земја-земја Хјунму-II во Жолто Море вчера.
Според Здружениот генералштаб, проектилот бил лансиран од западниот крајбрежен округ Таеан, 108 километри југозападно од главниот град Сеул.
Северна Кореја во вторникот истрела најмалку седум балистички ракети со краток дострел во Источното Море.
Истрелот на балистичка ракета од Сеул во морските води го поттикнало севернокорејското лансирање ракети, соопшти Здружениот генералштаб.
„Преку оваа вежба со боева стрелба, нашата војска ја покажа својата силна решеност да одговори на секоја провокација од Северна Кореја, како и капацитетите и ставот за прецизни напади против непријателското потекло на провокацијата“, се вели во соопштението на Здружениот генералштаб за сеулски „Јонхап“.
Минатата недела во четвртокот Северна Кореја ја тестираше својата нова интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-19 во она што Пјонгјанг го опиша како „крајна“ верзија на нејзините ракети со долг дострел.
Војската на Јужна Кореја, исто така, одржа вежби против беспилотни летала во Сеул во четвртокот. Тоа се случи откако Северна Кореја ја обвини јужнокорејската војска за упад со беспилотни летала над главниот град Пјонгјанг минатиот месец.
Лансирањето проектили на Корејскиот Полуостров се случува во период на зголемени тензии откако Сеул рече дека Пјонгјанг распоредил илјадници војници во Русија, која е во војна со Украина.
Како одговор, Сеул може да ја преиспита забраната за испорака на оружје за Киев, предупреди јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, чиј рејтинг падна на 17%, што е најниско откако ја презеде функцијата во мај 2022 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.