Elvir Hociç
15 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
СЕУЛ (АА) - Комисијата за нуклеарна безбедност на Јужна Кореја соопшти дека нема регистрирани траги од радијација по тестирањето на нуклеарната бомба што војската на Северна Кореја го изврши на 9 септември, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Нема траги на радиоактивни материи на подрачјето на Јужна Кореја по севернокорејското тестирање на нуклеарна бомба, а примероци од тлото, водата и од воздухот се тестираat двапати дневно, почнувајќи од 12 септември“, се наведува во соопштението на надлежните институции за безбедност во Јужна Кореја.
Веста дека не постои радијација ја израдува јавноста по загрижувачките првични предупредувања дека силниот ветер би можел да ги проши радиоактивните честички по тестирањето на нуклеарната бомба во Северна Кореја.
Северна Кореја од 9 септември изврши вкупно пет тестирања на нуклеарна бомба, кои во регионот предизвикаа земјотрес со магнитуда 5,7 степени според Рихтер. Јужна Кореја, поточно нејзиното Министерство за одбрана, тврди дека се работело за тестирање на најсилната бомба досега. Претходните тестирања на нуклеарни бомби Северна Кореја ги направи во 2006, 2009, 2013 година и во јануари оваа година.