Murat Özgür Güvendik
20 Ноември 2021•Ажурирај: 21 Ноември 2021
ЈОХАНЕСБУРГ
Полицијата на Јужноафриканската Република (ЈАР) соопшти дека за три месеци во таа земја се киднапирани најмалку 2.000 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерот на полицијата на ЈАР, Беки Селе, изјави дека во третиот квартал од оваа година, односно во периодот јули - септември, регистрирано е зголемување на бројот на киднапирања за 28 % во однос на истиот период претходната година.
Тој изјави дека бројката од најмалку 2.000 киднапирани во тек на три месеци е многу загрижувачка и додаде дека е нужно да се преземат адекватни мерки против таквите случаи.
„Најчесто киднапирањата се случуваат во текот на кражбите, меѓутоа, значителна бројка киднапирања се извршени под мотив сексуално насилство, одмазда и барање откупнина“, соопшти Селе.