Gamze Türkoğlu Oğuz
21 Февруари 2018•Ажурирај: 21 Февруари 2018
СЕУЛ (АА) - Официјални лица на јужнокорејската војска најавија воведување на построги казни за припадниците на вооружените сили кои ќе направат сексуални прекршоци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот кој е предаден на јужнокорејскиот Парламент се наведува дека корејскиот Воен суд во наредниот период ќе применува т.н „систем на нулта толеранција“, во случаите на сексуални прекршоци.
Според извештајот, за прекршоците како што е силувањето, на војниците им се заканува суспензија од војската, а за сексуални напади или за сексуално вознемирување им се заканува казна со одземање на чиновите.
Освен тоа, построги казни се предвидени и за припадниците на војската кои ќе бидат посредници во случаите на сексуално насилство.