Mustafa Keleş
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - По повод 150-годишнината од основањето на модното списание „Harper’s Bazaar“ (Харперс базар), симболот на Њујорк, зградата позната како Емпајер стејт билдинг е осветлена со насловни фотографии на тоа списание, јавува Anadolu Agency (AA).
На Емпајер стејт се прикажани само некои од насловните фотографии што ја одбележаа 150-годишната историја на списанието. Меѓу нив се најдоа фотографии на познати личности како Одри Хепберн, Рис Витерспун и Гвинет Палтроу.
Меѓу проектираните фотографии се наоѓаат и делата на Енди Ворхол и Ричард Аведон.
Проекциите на фотографиите на 42 ката траеја од 20:30 до полноќ, а управата на списанието не сакаше да зборува за трошоците на проектот.