Ecenur Çolak,Fatih Hafız Mehmet
12 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, денес во Анкара изјави дека неговата земја е многу задоволна поради почетокот на една нова соработка меѓу Турција и Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Зариф ја предводи иранската делегација, која денеска престојува во Анкара, а по состанокот со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, зборуваше на прес-конференција.
Тој се осврна на обидот за државен удар на 15 јули, на терористичката организација ФЕТО, и рече дека поради ставот што турскиот народ го покажа, сите држави во регионот биле горди.
„Му честитам на турскиот народ за отпорот што го покажа против пучистите. На народите од регионот им покажа дека не дозволи со ударот и со употреба на сила да му се одземат демократијата и правата, рече Зариф.
Говорејќи за односите меѓу Турција и Иран, иранскиот министер за надворешни работи порача дека се работи за трајни и силни односи, и додаде дека на денешната средба е дадена порака дека односите и соработката меѓу двете земји ќе продолжат на различни нивоа.
Тој посочи дека Иран настојува да ја подобри соработката со Турција во областа на туризмот.
„Подготвени сме да ги поддржиме проектите околу електричната енергија и гасот за да се обезбеди поврзување со Турција и Европа. Во оваа смисла, подготвени сме за соработка со Турција“, порача Зариф.
- Иран отсекогаш бил со турскиот народ и никогаш нема да се оддалечи -
Зариф додаде дека Турција и Иран имаат исти цели и перспективи, кога станува збор за борбата против тероризмот и екстремизмот.
„Ние, исто така, безбедноста на Турција ја гледаме како наша безбедност. И за време на државниот удар ние тоа јасно го порачавме. Ние сме со турскиот народ и никогаш од него нема да се оддалечиме", рече Зариф.
Кога станува збор за ситуацијата во Сирија, Зариф изјави дека е важно да се почитува територијалниот интегритет на државата, како и правото на луѓето за да ја одредат својата иднина. Во таа смисла, рече тој, секој треба да застане против екстремизмот на ДАЕШ и Ал Нусра.
Тој се осврна на повторното зближување на Турција и Русија.
„Многу сме задоволни од новата соработка меѓу Турција и Иран. И ние сме подготвени за соработка и помош на тој план. Овие три земји, заедно со другите земји, треба да работат заедно во борбата против екстремизмот за во регионот да бидде воспоставен мир и благосостојба“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф.