Gökhan Kavak
13 Април 2021•Ажурирај: 14 Април 2021
НАЈРОБИ
Најмалку 42 мигранти загинаа при превртување на брод во Џибути, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Одделот на Меѓународната организација за миграции (IOM) за Јемен, Оливија Хеадон, потврди дека мигрантите на бродот, што се преврте вчера, тргнале од Јемен, кој е средиште на судири и економска криза.
Таа истакна дека бројот на загинатите е зголемен на 42 лица.
Директорот на Одделот на Меѓународната организација за миграции (IOM) за Источна Африка и Африканскиот Рог, Мохамед Абдикер, на социјалната мрежа Твитер потврди вчера дека се превртел брод што бил во сопственост на шверцери на луѓе.
Во март оваа година се удавија најмалку 20 од 80 мигранти, кои шверцерите на луѓе во Џибути ги фрлиле во морето.