Kasım İleri
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (AA) – Американскиот државен секретар за одбрана изјави дека актуелното запирање на издавањето визи помеѓу САД и Турција не ја ремети воената соработка помеѓу двете земји кои тесно соработуваат околу тоа прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Во разговор со новинарите во авион во текот на патот кон Флорида, министерот Матис рече дека Турција веќе со децении е сојузник во НАТО и дека тоа е единствена членка на Сојузот во која траат активни вооружени судири.
„САД ги продолжува блиските односи и соработката со Турција. Нашата воена соработка не е загрозена со кризата во врска со издавањето визи. Базата во Инџирлик е во потполност отворена и контактите се активни. Нашите воздушни сили комуницираат бидејќи изведуваат операции на југот на Турција и на северните делови на Ирак и Сирија", рече Матис.
На прашањето дали дипломатската криза помеѓу Вашингтон и Анкара би можела да ја загрози идната воена соработка и операции, Матис рече дека не сака да шпекулира, но дека претходните дипломатски кризи не ги реметеле воените канали на комуникација.
„Турција е сојузник на НАТО и интензивно ќе соработуваме во борбата против заедничките непријатели. Не веќе добро соработуваме на воено поле", заклучи Матис.