Davut Çolak
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
КОПЕНХАГЕН (АА) - Од Министерство за миграциja и интеграција на Данска соопштија дека оваа земја ги продолжи до 12 мај 2018 година привремените гранични контроли, јавува Anadolu Agency (AA).
Данската влада донесе одлука граничните контроли кои се реализираат на копнената граница со Германија, како и влезовите кадешто се реализира транспортот со ферибот кои завршуваат на 12 ноември, да бидат продолжени за шест месеци.
Исто така, Владата на Данска ги информираше Европската комисија и земјите членки на Шенген за продолжување на граничните контроли до 12 мај 2018 година, а како оправдување за ваквата одлука го наведе зголемувањето на заканата од тероризам.
Данска за првпат на 4 јануари 2016 година започна со грничните контроли по бегалската криза која се случи во Европа.