Abdulbesar Ademi
21 Ноември 2023•Ажурирај: 21 Ноември 2023
СКОПЈЕ (АА) - Последниот натпревар од квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024 помеѓу Северна Македонија и Англија, кој се одигра на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, заврши нерешено, со резултат 1:1, јавува Анадолу.
Првото полувреме заврши во корист на домаќините со голот на Енис Барди во 41. минута, по промашен пенал.
Но, во вториот дел гостите го израмнија резултатот, со автоголот на Јани Атанасов.
На крајот од квалификациите, Северна Македонија, која е дел од групата Ц, останува на четвртата позиција со освоени осум бода, додека Англија е прва на табелата со само два нерешени натпревари.
Од групата Ц пласман на Европското првенство обезбеди и Италија по ремито без голови на мечот со Украина.