спорт

„Сакаме Палестина да биде позната во светот на кошарката"

„Сакам да го најавувам името на Палестина на меѓународни платформи со учество на турнири низ целиот свет“, рече Херкели

Muhammed Macid, Zeynep Tüfekçi  | 12.03.2018 - Обновена : 13.03.2018
„Сакаме Палестина да биде позната во светот на кошарката"

Gazze

ГАЗА (AA) - Жените со попреченост, кои играат кошарка во градот под израелската блокада, Газа, сакаат да го преместат името на Палестина на меѓународни платформи преку учество на турнири низ целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).

Палестинските жени, меѓу кои и млади девојќи, предизвикуваат на „пречки“, со играње во кошаркарски тимови во инвалидски колички, во Газа.

Абир ал-Херкели (25), од Палестина, во својата изјава за АА, истакна дека на пречката предизвикувала пред четири години, кога се ангажирала во кошаркарскиот тим на Клубот за хендикепирани лица „Селам“. Таа првично добивала голем број реакции, но со текот на времето, успевала да се справува со нив.

- Сака да го најави името на Палестина низ целиот свет

„Сакам да го најавувам името на Палестина на меѓународни платформи со учество на турнири низ целиот свет“, рече Херкели, додавајќи дека многу сака да игра кошарка и дека овој спорт му давал ново значење на нејзиниот живот.

Муна Хитаб (49), која изјави дека не ја сметала сериозна пречката од детството, наведува дека таа веќе седум години игра кошарка, која ја дефинира како „нов живот“.

„Видов млади луѓе кои играат кошарка, па си реков, зошто и јас да не го правам тоа. Така и се запишав. Во почетокот, малку се колебав, но подоцна повеќе не се мачев. Сега ги немам сите тие грижи“, рече таа.

Во однос на тешкотиите со кои се соочуваат, Хитаб рече дека има проблеми со транспортните возила, дека стадионот не е погоден за препреките, дека е отворен, па поради тоа било многу жешко. Понатаму, друг проблем со кој се соочуваат е и тоа што немаат потребни материјали за кошарка.

„Сакам да се придружам на некој од тимовите на Газа и да учествувам на кошаркарски турнири што се играат во арапскиот свет, без да се соочувам со какви било пречки“, вели Хитаб.

Тренерот на кошаркарскиот тим, Хена Абу Муајлик (31), посочи дека тие ги тренираат инвалидните лица од 2014 година. „Не можам да кажам дека во почетокот немав тешкотии. Бидејќи тие се со посебни потреби, со нив имав различен и посебен третман. Секако, сега сум искусна. Знам како да ги тренирам. Работиме два дена неделно“, наведе таа.

Муајлик истакна дека спортските активности, кои се психолошки и релаксациски алатки за хендикепираните лица, исто така, треба да бидат поддржани од заедницата.

Според палестинскиот Институт за статистика, има околу 17 физички и 27 илјади хендикепирани лица во окупираниот Западен Брег и во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın