Dejan Maksimoviç
13 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
РИМ (AA) - Италијанските медиуми јавуваат дека Рома започнала преговори со Антонио Конте за преземање на позицијата шеф на стручниот штаб следната сезона, иако фудбалскиот експерт претходно беше поврзуван со Интер и Милан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Конте моментално е во правен спор со поранешниот клуб Челзи, тврдејќи дека му должи 10 милиони евра, што клубот од Лондон не сака да ги плати. Уште од напуштањето на Челзи минатата година, Конте е поврзан со враќање во Серијата А, а за него се најзаинтересирани Интер и Милан.
Сега повторно стасаа медиумски извештаи, според кои Рома направила официјален чекор и стапила во контакт со Конте за да започнат преговори околу условите за соработка.
Рома минатиот месец го отпушти тренерот Еузебио ди Франческо и на неговата позиција го донесе Клаудио Раниери, кој потпиша договор до крајот на идната сезона. Со оглед на тоа дека Рома со Раниери не забележува добри резултати, тешко е да се очекува дека ќе остане.
Конте во тренерската кариера го водеше Арецо, Бари, Атланта, Сиена, Јувентус, репрезентацијата на Италија и Челзи.