Abdula Berisha
01 Октомври 2023•Ажурирај: 01 Октомври 2023
СКОПЈЕ (АА) - Во главниот град на Северна Македонија се одржува 19. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, јавува Анадолу.
Покрај маратонската трка (42 км), се одржуваат и полумаратон (21 км), штафетен маратон (двајца по 10, двајца по 11 км) и трка на 5 км.
Организаторите претходно информираа дека преку 11.000 натпреварувачи од 53 земји учествуваат на 19. издание на маратонот.
Најголемиот број на учесници е забележан пред четири години, кога учествуваа околу 12.500 лица.
Поради одвивање на маратонот, низ улиците на главниот град Скопје има привремен посебен режим на сообраќајот.
Одржувањето на „Виз Ер Скопски маратон 2023“, покрај генералниот спонзор „Виз Ер“, го помогнаа покровителите Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Канцеларијата на Европската Унија, Македонски олимписки комитет и други.