Esra Taşkın
25 Септември 2023•Ажурирај: 27 Септември 2023
ПАРИЗ (АА) - На француските спортисти им е забрането носење шамија на Олимписките игри во Париз во 2024 година, јавува Анадолу.
Француската министерка за спорт Амели Оуде-Кастера ја најави забраната за каналот „Франс 3“, каде што гостуваше.
Оуде-Кастера рече дека спортистите во француските тимови што учествуваат на Олимписките игри, кои ќе се одржат во главниот град Париз од 26 јули до 11 август 2024 година, не ќе може да носат хиџаб.
Француската министерка рече дека се насочени кон воведување строг „режим на секуларизам“ во спортот.
Заедницата на фудбалери позната како „Les Hijabeuses“ поднесе барање до Државниот совет за укинување на оваа забрана бидејќи Француската фудбалска федерација (ФФФ) не дозволува носење хиџаб од 2016 година.
Првиот член од интерниот правилник на Француската фудбалска федерација им забранува на фудбалерите во текот на натпреварите да носат облека или симболи што укажуваат на нивната верска припадност.