Bedrudin Brljavac
19 Април 2020•Ажурирано: 20 Април 2020
БАРСЕЛОНА (АА) - Челниците на Барселона не отстапуваат од враќањето на Бразилецот Нејмар од Париз Сен Жермен (ПСЖ) на Камп Ноу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што пишува шпанскиот „Мундо депортиво“ (Mundo Deportivo), Барселона овојпат на управата на ПСЖ наместо пари за Нејмар ѝ понудила дури три играчи.
Минатата година парискиот великан за Бразилецот бараше 200 милиони евра, а сега наводно бара 150 милиони.
Сепак, Барселона, како што тврди „Мундо депортиво“, го нема тој износ, па на ПСЖ му понудила три играчи за Нејмар - Дембеле, Самуел Умтити и Жан-Клер Тодибо.
Нејмар од јули 2013 година до 3 август 2017 година беше фудбалер на Барселона, кога во трансферот вреден 222 милиони евра премина во ПСЖ, каде што и денес е прва ѕвезда на тимот.