Dejan Maksimoviç
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
ГЛАЗГОВ (АА) - Брендан Роџерс, менаџерот на шкотскиот шампион „Селтик“, изјави дека неговиот тим би можел да ја победи „Барселона“ кога во својот тим би ја имал нивната најголема ѕвезда, Аргентинецот Лионел Меси, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа на „Селтик парк“, токму Меси, со два гола – во 24. и 55. минута – ја одведе „Барса“ до победа со резултат 2 : 0 во натпреварот од петтиот круг на групата Ц во Лигата на шампионите.
„Би имале големи шанси против ‘Барселона’ кога Меси би ги заменил страните. Тоа покажува дека тој прави разлика. Погледнете го натпреварот минатиот викенд, кога тој не играше против ‘Малага’. Меси без дилема е најдобриот играч на сите времиња, така што кога тој игра во вашиот тим, и другите играчи ги прави подобри. Меси е феноменален играч, кој секогаш сакал да победи. Нашите играчи ќе научат дека на таквиот играч не смеат да му оставаат толку простор“, истакна Роџерс.
Барселона по пет круга е лидер на групата, со 12 поени. Потоа следуваат „Манчестер сити“ со осум, „Борусија Менхенгладбах“ со пет и „Селтик“ со два поена.