AP
21 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
МИЛАНО (АА) - Силвио Берлускони останува почесен претседател на ФК Милан откако ќе го продаде тој италијански фудбалски клуб на кинеските инвеститори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот премиер на Италија денес имаше свое обраќање до медиумите откако Милан во градскиот дерби одигра нерешено со Интер, со резултат 2:2. Тој изјави дека група кинески инвеститори му понудиле место на почесен претседател.
„Би имал некои способности да интервенирам, како што е мислењето ,да' или ,не' за продажба на играчите или за поставувањето на формации”, изјави Берлускони кој на чело на Милан дојде во 2012 година.
ФК Милан, чија вредност се проценува на 800 милиони долари (740 милиони евра), ќе биде продаден на 13 декември. Станува збор за еден од најбогатите и највредни клубови во италијанскиот и светскиот фудбал.