Addis Getachew Tadesse
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
АДИС АБЕБА (АА) - Главниот град на Етиопија, Адис Абеба, денеска е домаќин на најмасовните африкански улични трки во кои учествуваат 43.000 спортисти, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа година големата трка на Етиопија ги собра сите елитни спортисти и илјадници аматери кои трчаа патека долга десетина километри низ центарот на главниот град и со тоа буквално го обоија градот со боите на етиопското знаме (зелено-жолто-црвено).
Станува збор за најмасовната манифестација во Африка и петта по големина во светот, која се одржува веќе 15 години по ред.
„Најважно е да ги видиме луѓето на улиците како го слават животот“, рече атлетичарот Гебреселасие во кратка изјава за АА.
Овогодинешниот победник во елитната конкуренција беше локалниот атлетичар Абе Гашахун, а во женска конкуренција исто така победи домашната атлетичарка Фотен Тесфаје.
Трката во Етиопија помина со максимални безбедносни мерки преземени од страна на локалната полиција поради најавените масовни антивладини протести во Адис Абеба.