Ekipa
25 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
ЛОЗАНА (АА) - Хусеин Болт, еден од најдобрите атлетичари на сите времиња, ќе мора да врати еден од своите девет златни олимписки медали. Станува збор за медалот што Болт го освои на игрите во Пекинг во 2008 година, со штафетната трка на Јамајка, а причината за одземањето на медалот е бидејќи еден од неговите колеги од репрезентацијата беше допингуван, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека Неста Картер бил позитивен на забранетиот стимуланс метилхексанамин, при повторното тестирање на примероците земени за време на Олимписките игри во Пекинг, во 2008 година.
„Репрезентацијата на Јамајка во штафетна трка на 4 x 100 метри е дисквалификувана, а доделените медали, значки и дипломи се повлечени и мораат да бидат вратени, се вели во соопштението од МОК.
Освен Болт и Картер, за штафетната трка на Јамајка на 4 x 100 метри во Пекинг трчаа и Мајкл Фратер и Асафа Пауел, додека Двајт томас настапи во квалификациите.