Bakir Tiro
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
МОСКВА (АА) - Дваесет и седум руски спортисти биле позитивни на мелдониум, кој од 1-ви јануари оваа година се наоѓа на листата на допинг супстанци, изјави рускиот министер за спорт Виталиј Мутко, истакнувајќи дека во овој период во целиот свет забележани се вкупно 127 слични случаеви, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу допингуваните со мелдониум беше и тенисерка Марија Шарапова, како и руската пливачка Јулија Eфимова.
На Ефимова сега ѝ се заканува доживотна забрана за бавење со спорт, бидејќи по втор пат е констатирано дека е допингувана. Четирикратната светска шампионка во градно пливање и добитник на бронзен медал на 200 метри на Олимписките игри 2012 година во Лондон, во 2014 година поради конзумирање на анаболични стероиди беше суспендирана на 16 месеци.
Поради систематското користење на допинг на руските атлетичари не им беше дозволено да учествуваат на овогодинешното СП во сала во Портланд и им се заканува и исклучување од Олимписките игри во Рио де Жанеиро.