Fatih Erel
10 Ноември 2022•Ажурирај: 11 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ
Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со 21. трка во сезоната која ќе се одржи во Бразил, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда на Бразил (Brasil Grand Prix) на патеката „Хозе Карлос Пасе“, која е долга 4.309 метри и се наоѓа во Сао Паоло, возачите ќе треба да извозат 71 круг.
В сабота со почеток во 20:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда на Бразил е закажана за в недела, 13 ноември, со почеток во 19:00 часот.
Пред трката на патеката „Хозе Карлос Пасе“, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
- Пласман на возачите:
1. Макс Верстапен (Холандија): 416 поени
2. Серџо Перез (Мексико): 280 поени
3. Шарл Леклер (Монако): 275 поени
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 231 поен
5. Луис Хамилтон (Велика Британија): 216 поени
- Пласман на тимовите:
1. Ред Бул: 696 поени
2. Ферари: 487 поени
3. Мерцедес: 447 поени
4. Алпин: 153 поени
5. Мекларен: 146 поени