Abdulkadir Karakaya
10 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Познатиот светски стадион „Маракана“ во Бразил ќе се преименува по 80-годишната фудбалска легенда Пеле, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите во бразилските медиуми, Законодавното собрание на државата Рио де Жанеиро одобри промена на името на стадионот во „Едсон Арантес до Наскименто - кралот Пеле“.
Се наведува дека одлуката ќе стане официјална со одобрение од гувернерот на државата.
Пеле, чие целосно име е Едсон Арантес до Наскименто, својот 1.000-ти гол во кариерата го постигна на стадионот „Маракана“.
Поранешниот бразилски играч, кој го зазема местото меѓу најдобрите во историјата на фудбалот, и кој ги носеше прекарите „Кралот на фудбалот“ и „Кралот Пеле“ е единствениот играч што трипати го освоил Светскиот куп на ФИФА.