Kemal Zorlak
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
САРАЕВО (AA) - Брзликсата фудбалска легенда Пеле изјави дека во негово време имаше многу "големи фудбалери", како и дека денес се големи само Меси, Рондално и можеби Нејмар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Светската фудбалска легенда Пеле во разговор за "Daily Telegraph" се осврна на темата "големите играчи", на фудбалската сцена и рече дека денес такви играчи нема поради комерцијализација на млади таленти.
"Денес имате само три големи играчи во светот. Лионел Меси, Роналдо и можеби Нејмар. Но во моето време ги имаше многу повеќе", рече Пеле.
Бразилецот нагласи дека Англија некогаш имаше и фудбалери кои беа "најдобри од најдобрите", што кулминираше и со тоа да токму Англија го освои Светското првенство 1966 година.
"Тогаш имаше далеку поголем број големи фудбалери отколку денес. Се сеќавам, тогаш беше и Џорџ Бест, Боби Чалтон, Боби Мур. Гордон Банкс беше вистински играч. Тоа се само големите играчи во Англија. Истата ситуација беше и во целиот свет. Имаше брилијантни Германци, Холанѓани, како и Бразилци", рече Пеле.
Запрашан за Јохан Кројф, кој неодамна почина, Пеле рече дека тоа беше еден неверојатен господин.
"Имав прилика да бидам негов пријател и надвор од теренот. Тој навистина беше еден од најдобрите играчи на светот. Кројф, тој беше неверојатен, беше фантастичен", порача Пеле.
Едсон Арантес до Нашименто, познат по прекарот Пеле, со Диего Армандо Марадона, се смета за најдобар играч во историјата на фудбалот, кој 1999 година го прогласи ФИФА. Покрај тоа, Меѓународниот олимписки одбор, по гласањето спроведено по националните олимписки одбори, во декември 1999 година го проглази за еден од петте најдобри спортисти во 20 век.