Can Erözden
26 Јануари 2024•Ажурирај: 28 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Бранителот на титулата на Австралија опен за мажи, Новак Ѓоковиќ, тенисерот број 1 во светот, денес е елиминиран во полуфиналето од Италијанецот Јаник Синер, јавува Анадолу.
Четвртиот носител Синер (22) го совлада десеткратниот шампион на Австралија опен, Ѓоковиќ во сетови со 6:1, 6:2, 6:7 (6:8), 6:3 во Род Лејвер арена во Мелбурн и стигна до своето финале на Грен слем турнир.
Синер наедно е и прв италијански тенисер што стигнал до финалето на Австралија опен во категоријата сингл.
Во финалето на Австралија опен 2024 за мажи во недела Синер ќе се соочи или со Русинот Даниил Медведев или со Германецот Александар Зверев.