Mutlu Demirtaştan
25 Јануари 2023•Ажурирај: 26 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Познати се паровите на полуфиналните натпревари во Лигата на нации на УЕФА 2023, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ждрепката што се одржа во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион, одреди во полуфиналето на Лигата на нации да играат Холандија - Хрватска и Шпанија - Италија.
Холандските градови Ротердам и Еншеде ќе бидат домаќини на финалните натпревари во Лигата на нации. Во првото полуфинале на 14 јуни ќе се сретнат селекциите на Холандија и Хрватска, а на 15 јуни се среќаваат репрезентациите на Шпанија и Италија.
Полуфиналните средби ќе се играат само со еден натпревар. По одигрувањето на овие натпревари, борбата за третото место и финалето ќе се играат на 18 јуни.
Во сезоната 2018/19 во финалните натпревари што се одиграа меѓу првопласираните репрезентации од Националната А лига, Португалија стана шампион на Лигата на нации, додека во сезоната 2020/21 шампион беше Франција.