Yunus Kaymaz
20 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
ИСТАНБУЛ
Во четврфиналето од плејоф-натпреварувањето во американската Национална кошаркарска лига НБА, Оклахома Сити Тандер на домашен терен го совлада Портланд Трејл Блејзерс со 120:108, стигна до својата прва победа и го намали разултатот во меѓусебните дуели на 2:1, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 3 натпревари во НБА. Sвездата на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук, со одлична игра и дабл-дабл учинок од 33 поени, 11 асистенции и 5 скока даде голем придонес во победата над Портланд Треил Блејзерс од 120:108.
Одлична игра во Тандер прикажаа и Пол Џорџ со 22 поени, 6 скока, 6 асистенции, Џереми Грант со 18 поени, 2 скока, 1 асистенција и Денис Шредер со 17 поени, 6 асистенции и 5 скока.
Во гостинската екипа најпрецизен беше Дејмијан Лилард со постигнати 32 поени, 6 асистенции и 4 скока, додека Си Џеј Маколум постигна 21 поен, 7 скока и 7 асистенции.
За вечер се закажани 4 натпревари.
- Резултати
Оклахома Сити Тандер - Портланд Трејл Блејзерс 120:108
Орландо Меџик - Торонто Рапторс 93:98
Индијана Пејсерс - Бостон Селтикс 96:104