Oktaj Omeragik
21 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
СКОПЈЕ
На пет кола пред крајот во Серија А, екипата на Јувентус е новиот фудбалски шампион на Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на 33. коло на италијанската Серија А, Јувентус на домашен терен ја пречека екипата на Фиорентина. Иако гостите уште во 6. минута поведоа со 0:1, Јувентус изедначи во 35. минута од натпреварот, а конечните 2:1 беа поставени по автоголот на Герман Пезела во 53. минута.
Второпласираниот Наполи утре го игра последниот натпревар од 33. коло во Серија А, но по победата на Јувентус, ги загуби и теоретските шанси за титула. Јувентус е старо-новиот фудбалски шампион на Италија.
Ова е 8-ма титула што Јувентус ја освои едноподруго во последните осум сезони, 35 во историјата на клубот.