Mutlu Demirtaştan
18 Април 2019•Ажурирај: 19 Април 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во американската Национална кошаркарска лига (НБА) синоќа се одиграа 3 натпревари. Ол-стар ѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, постигна трипл-дабл од 32 поени, 13 скока и 10 асистенции, и му ја донесе втората победа на својот тим против Јута Џез. Ова е третпат Харден да постигне трипл-дабл во плејофот на НБА, пишува Anadolu Agency (AA).
Свој придонес во победата на Хјустон дадоа и Крис Пол со 17 поени, 4 скока, 3 асистенции и Ерик Гордон и П. Џ. Такер со по 16 поени.
Во редовите на Јута Џез, Рики Рубио и Ројс Онил постигнаа по 17 поени, Дерик Феjворс 14, но тоа не беше доволно да се избегне поразот од Рокетс.
Од друга страна, во Источната конференција, првопласираната екипа на Милвоки Бакс на домашен терен го совлада Детроит Пистонс со резултат 120:99 и поведе со 2:0 во меѓусебниот скор.
Ерик Бледсо постигна 27 поени, 6 асистенции, 4 скока, Јанис Адетокунбо постигна дабл-дабл од 26 поени, 12 скока, 4 асистенции, додека Крис Мидлтон натпреварот го заврши со скор од 24 поени, 8 асистенции и 5 скока.
Во редовите на Пистонс најпрецизен беше Лук Кенард со 19 поени, 4 скока, 2 асистенции, следува Ендрју Друмонд со дабл-дабл од 18 поени, 16 скока, 2 асистенции и Реџи Џексон со 18 поени, 8 асистенции и 3 скока.
Вечер се играат три натпревари од плејофот на НБА.
- Резултати:
Бостон Селтикс - Индијана Пејсерс 99:91 (2:0)
Милвоки Бакс - Детроит Пистонс 120:99 (2:0)
Хјустон Рокетс - Јута Џез 118:98 (2:0)