Alma Dekovic
14 Март 2023•Ажурирај: 15 Март 2023
САРАЕВО (АА) - Денес се закажани два реванш-натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА, во кои Интер е домаќин на Порто, а Манчестер Сити го пречекува РБ Лајпциг, јавува Анадолу.
Фудбалерите на Интер во Португалија пристигнуваат со гол предност (1:0), што ќе се обидат да ја сочуваат и да се пласираат во четвртфиналето, првпат по сезоната 2009/2010, кога клубот беше предводен од Жозе Мурињо и го освои врвот на Европа.
Двата тима моментално се на различни позиции во нивните првенства. Интер заостанува 18 бода зад Наполи, а Порто осум зад Бенфика.
Големо внимание привлекува и пресметката меѓу германски Лајпциг и актуелниот англиски шампион Манчестер Сити. Првиот меч заврши нерешено, 1:1, па се очекува неизвесност и на реваншот на „Етихад“.
Манчестер Сити моментално е втор во Премиер лигата и заостанува пет бода зад Арсенал, додека Лајпциг е трет со седум бода помалку од лидерот Баерн.
Двата натпревари се играат со почеток од 21 часот.