Hüseyin Burak Demirer
02 Јули 2021•Ажурирај: 03 Јули 2021
АНКАРА
Викендов во Австрија ќе се одржи 9. овогодишна трка од Светскиот шампионат во Формула 1, известува Агенција Анадолија (АА).
Деветтата трка оваа сезона во Формула 1 ќе се вози за Големата награда на Австрија. Трката ќе се одржи на патеката „Ред Бул“, долга 4.318 метри, во австрискиот град Шпилберг.
Трката за полпозициите на трката за Големата награда на Австрија ќе се одржи утре со почеток во 15:00 часот. Победник на Големата награда на Австрија ќе биде возачот кој најбргу ќе извози 71 круг на патеката „Ред Бул“. Стартот на трката е закажан за в недела, 4 јули, со почеток во 15:00. часот
Во досега одржаните трки на Шампионатот во Формула 1, возачот на Ред Бул-Хонда, Макс Верстапен, извојува четири победи, Луис Хамилтон од Мерцедес извојува три победи, а Серџо Перез од Ред Бул-Хонда победи на една трка.
Пласман на првите пет возачи и на тимови во Формула 1
Пласман на возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 156 поени
2. Лиус Хамилтон (Велика Британија): 138 поени
3. Серџо Перез (Мексико): 96 поени
4. Ландо Норис (Велика Британија): 86 поени
5. Валтери Ботас (Финска): 74 поени
Пласман на тимови
1. Ред Бул: 252 поени
2. Mерцедес: 212 поени
3. Мекларен: 120 поени
4. Ферари: 108 поени
5. Алфа Таури: 46 поени